Со скапа кампања не може да се убедат граѓаните да поддржат нешто што знаат дека е на штета на националните интереси. Затоа спротивен ефект имаат билбордите дека „Ние сме Европа“. Да Македонија е Европа ама Брисел прави сѐ да ни се одмили ЕУ со уцените дека мораме да прифатиме Бугарите да влезат во Уставот а за возврат да добиеме само пофалба и петка на рачето.
Да, ако Македонија ги направи уставните измени, формално ќе ги отвори преговорите и ќе се сопне на првата бугарска кривина.
Сега услов за отворање на преговорите се уставните измени, потоа ќе биде Гоце Делчев, па заедничката историја и така до недоглед…
Затоа треба да бидеме на чисто и работите да ги поставиме на здрави основи.
Потребни се избори, не поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. Тоа е повеќе од сигурно и тоа го знаат и во СДСМ, туку поради ветувањата што ќе им се дадат на граѓаните во однос на уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ ќе мора во кампањата јасно и гласно да каже дали и како ќе го решава проблемот со уставните измени кој СДСМ го наметна.
Сегашниот парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ ниту ветило ниту има право да го менува Уставот.
Тоа, не го вети ниту СДСМ на последните избори но власта последно за што се грижи се ветувањата кон тие што ги избрале.
Ако ВМРО-ДПМНЕ ја добие поддршката од граѓаните тогаш има полно право да влезе во процесот на уставни измени.Значи, ДА за уставни изени но не вакви со додавање на запирка и впишување на дел од бугарскиот народ и со Комитет за односи меѓу заедниците кој де факто значи дводомен Парламент.
Comments are closed for this post.