Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека имаат повеќе чекори кои, како што рече, ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието.
-Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие четири години од гордоста и она малку што остана сакаат и тргуваат со него, а всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак. За ова мора да се понесе одговорност, изјави Мицкоски.
Според него, имаме премиер со концeсии.
-Најважно е која е алтернативата која ја нудат откако државата ја внесоа во слепа улица. Но, внимавајте. Алтернатива со сочувани достоинство, чест, честитост, идентитет и гордост. Кој е нивниот план да ја развиваат Македонија или ќе се помират со тоа да останеме во чекалницата? Македонија заслужува европска иднина, а не години поминати во чекање. Изгубивме многу и проджуваме да губиме, смета Мицкоски
Comments are closed for this post.