Протоколот за пристапување во НАТО на Македонија, беше потпишан вчера на свечена церемонија во Брисел. Сите амбасадори на 29. земји-членки по азбучен ред, почнувајќи од Албанија еден по еден го потпишуваа Протоколот.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека документот се потпишува со идната Република Северна Македонија.
Пресинг ТВ денес се обрати во седиштето на НАТО, во Брисел со барање да ни кажат под кое име е потпишан Протоколот. Претставник на НАТО ни одговори и ни испрати фотографија:
„Протоколот за членство беше потпишан вчера (6 февруари 2019) од 29 претставници на сите 29 НАТО сојузници. Потпишаниот Протокол земјата ја ословува како Република Северна Македонија. Ова е името под кое земјата ќе му се пириклучи на НАТО“.
Сепак, Столтенберг не бил во право кога го користеше терминот „идна“, зашто документ-фотографијата „идната Северна Македонија“, од вчера станала реалност и покрај тоа што официјално не е сменето уставното име на Македонија.
Некои извори велат дека тоа ќе се случи во сабота, откако во петок грчкиот парламент ќе го ратификува Протоколот.
Comments are closed for this post.