На социјалните мрежи се организира протест за уставните измени кои се во тек. Собирот е закажан за 18 ноември во 18 часот пред Собранието. Организаторите имаат и неколку услови и велат дека мораат да го спречат, како што го нарекуваат генерацискиот грев и да ја зачуваат Република Македонија.

Бараме:

Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
– Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
– Трајна заштита на името на државата, Македонија.
– Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори-стои во најавта за протестот.