Во Собранието усовоени се и дополнувањата на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка.

Со членот 1 се предлага дополнување на членот 38 со нов став со кој се предвидува можноста професионален војник кому службата во Армијата му престанува поради навршување 45 години возраст, да може да се прими на служба во АРМ како цивилен персонал без објавување јавен оглас, доколку ги исполнува посебните услови утврдени во актот за формација на Армијата.