Професорот Ванчо Ѓорѓиев, член на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања во гостување на 1ТВ откри дека уште на првата средба на комисијата минатата година, од бугарската страна им се заканиле дека доколку не прифатат дека Гоце Делчев е Бугарин, тогаш ќе има вето за Македонија.
На првата средба на Комисијата почнаа непристојите закани: Гоце Делчев е Бугарин и ако не го прифатите тоа ќе има вето. Во нивниот предлог за Гоце Делчев ниеднаш не се споменува Бугарин, туку на индиректен начин се спомнува потекнува од бугарско семејство, учи во бугарско училиште… На последната средба која беше потензична, на крајот е утврдена агендата за следната средба. Се сомневам дека ќе се држиме до агендата затоа што слушнав дека едни од нив бараат радикализација, други повлекување од комисијата, а трети се за вето, вели Ѓорѓиев.
Според него експресното отфрлање за заедничко одбележување на 7 октомври (денот кога во 1946 година моштите на Делчев се пренесени од Софија во Скопје), е само димна бомба за да се прикријат другите нешта и да се сканлдазираат други суштински прашања.
Comments are closed for this post.