Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој сиот изминат период прави пресметки за тоа како се движи епидемиолошката крива, во неговата синоќешна објава на Фејсбук пишува дека имаме добра вест, бидејќи повеќе нема да се движиме кон влошување. Во периодот што следи, како што напоменува, не се очекува зголемување на средниот број на новозаразени, ниту пак зголемување на средниот број на починати лица од корона вирусот. Сепак, споредн него, бидејќи станува збор за нова болест, со која сé уште не сме поминале еден полн годишен циклус, не се знае дали во јануари ќе има влошување под влијание на климатскиот, т.е. сезонскиот фактор.
Токму затоа сметам дека не треба лежерно да чекаме бројките да се намалуваат по природен пат (со прележување и природна имунизација на популацијата), туку бројките итно да се соборат со еден краткотраен тотален локдаун, после што би продолжиле со сегашните мерки, за кои што гледаме дека се доволни за одржување на приближно константно ниво, порачува во објавата професорот Трајковски.
26.11.2020. Дојде денот ефективниот репродукционен број Rt да стане точно единица, денот кога во просек нема ни…
Posted by Дејан Трајковски on Thursday, November 26, 2020
Comments are closed for this post.