Професорот Блерим Река, собра доволно потписи од граѓаните за да се кандидира за претседател на претстојните избори. Од неговото седиште велат дека за помалку од 15 часа се собрани преку 11.000 потписи.

Независниот кандидат, проф. д-р Блерим Река, сега и официјално е кандидат за претседателските избори во Северна Македонија. Треба да се напомене дека за помалку од 15 часа, г-дин Река го поддржаа илјадници граѓани, кои со преку 11.000 потписи, ја потврдија силната поддршка за неговата кандидатура. Им се заблагодаруваме на структурите на политичките партии, на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање на потписи. Им се заблагодаруваме на сите граѓани за нивната поддршка: во вашата посветеност, ја наоѓаме нашата храброст!, соопштија од таму.