ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба на која партиите ќе дискутираат за три прашања, а тоа е јавниот обвинител, законот за СЈО и за реформите закони, објаснува координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

 На лидерската средба би се расправало за Јавниот обвинител кој треба да се избира на предлог на опозицијата, како и за реформските закони откако го замрзнавме нашето учество во процесот „Жан Моне“. Ние дадовме подршка за првите три закони но за останатите не даваме бланко поддршка. За Законот за СЈО треба да го видиме па ќе се изјасниме- објаснува Мицевски за Пресинг ТВ.

Премиерот Зоран Заев очекува дека законот за СЈО ќе биде донесен со консензус и оти ќе бара поддршка од сите партии.