Бојан Јовановски останува во притвор откако вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена.

Тој заедно со бизнисменот Зоран Кичеец и со специјалната обвинителка Катица Јанева се осомничени во случајот „Рекет“, дека бизнисменот Орце Камчев им дал 1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“.

Боки 13 веќе два месеци е во притвор.