Според објавениот оглас за реонски попишувачи и инструктури од 25 февруари оваа година, Државниот завод за статистика имаше предвидено 8 попишувачи од турската етничка заедница за Струшкиот регион. Но, зачудува фактот што од 8 предвидени попишувачи, без да се запази принципот на правична застапеност, беа прифатени само 3, иако имаше доволно кандитати кои аплицираа од турската етничка заедница за Струшкиот регион, реагира Националното координативно тело на Турците за пописот во Македонија, пишува Охрид њуз.
Очекуваме од Државниот завод за статистика да ни даде објаснување „според кои критериуми“ е направена селекцијата, односно од кои причини кандидатите кои аплицирале се одбиени. Бараме што побрзо оваа грешка да се поправи. – стои во соопштението за јавност на Националното координативно тело на Турците за попис.
За проблемот информирани се Државниот завод за статистика и надлежните институции и организации, а Националното координативно тело на Турците за попис очекува проблемот да се реши во најбрз можен рок.
Во спротивно, оваа одлука ќе го засени пописот и ќе предизвика сомнежи за целикупнот процес околу оваа значајна статистичка операција. – предупредува Националното координативно тело на Турците за попис.
Comments are closed for this post.