Сите земји од Западен Балкан се соочуваат со стандардите за  владеењето на правото. Понекогаш се потребни промени во законодавството, а за тоа треба независни политичари кои ќе направат соодветни реформи, рече правниот експерт од Европската комисија Рајнхард Прибе денеска говорејќи на меѓународната научна конференција  „Доброто владеење и владеењето на правото од перспектива на ЕУ интеграциите“.

Според Прибе, услов за владеење на правото во земјава се независни политичари, кои треба да имаат волја за да го имплементираат.

-На таков начин правниот систем ќе може да воспостави независност. Без демократско управување, не може да постои ниту владеењето на правото,  вели Прибе.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека владеењето на правото е воздух без кој не се може во едно општество.

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската Комисија и предводник на групата експерти за системски прашања од областа на владеењето на правото.

На средбата, Прибе го запозна претседателот Пендаровски со тековните ангажмани и планови. Поранешниот директор во ЕК ја нагласил важноста на владеењето на правото во процесот на евроинтеграциите.