При вчерашните претреси на повеќе локации поврзани со случајот „Рекет“, меѓу одземените предмети, покрај два персонални компјутери и еден лап топ што ги користеле првоосомничениот и неговата асистентка, одземено е поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела. Од второосомничениот се одземени повеќе лап топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички , како и поголемо количество на оружје и муниција за кое дополнително ќе се утврдува дали второосомничениот го поседувал со дозвола.

Ова стои во денешното соопштение на Јавното обвинителство во кое се наведува дека тимот на ОЈО во соработка со МВР работел на прибирање материјални докази поврзани со осомничените во случајот „Примање награда за противзаконито влијание“.

Како што веќе обвинителството информираше, извршени се претреси во домот на родителите на првоосомничениот, во станот каде што престојувал, како и во просторијата што ја користел во едно правно лице, воедно извршен е претрес и во домот на второосомничениот, како и во возилата што ги управувале.

При претресите прибран е броен доказен материјал што допрва треба да биде предаден на вештачење. Со оглед на обемноста на материјалот, записниците за одземени предмети се уште се подготвуваат и во моментов Обвинителството не може да соопшти детали.

Воедно, Обвинителството ја известува јавноста дека до овој момент надлежниот обвинител нема извршено разговори со други лица, за кои излегоа шпекулации во јавноста дека се повикани на информативен разговор во насока на расветлување на случајот.

Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството колку што дозволува истрагата континуирано ќе информира за преземените дејствија.

Во соопштението, меѓутоа, ги нема одговорите на прашањата, што Пресинг Тв ги достави до Обвинителството. А, прашањата беа дали во истрагата за случајот  „Рекет“ учествува претставник на ЕУ или на одделна земја-членка на ЕУ, која земја-членка на ЕУ ја штити жртвата во случајот, што е пронајдено при претресот на 1ТВ, дали некоја од обвинителките на кои им се одземени телефоните пријавила дека има изгубено еден од телефоните.

Прашањата се поставени за да се добие потврда на неофицијалните информации дека во истрагата учествувал и претставник од ЕУ или претставник од оддеелна земј-членка на ЕУ и оти жртвата, која поднела кривична пријава до Обвинителството за изнудување рекет, имала заштита од земја-членка на ЕУ наша соседна држава.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во врска со инволвираност на трети земји во случајот изјави: