Во четвртокот врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во куќа на улица „Киро Рогужаров” во Велес, која ја користи лицето Б.К.(69) од Велес.

При претресот биле пронајдени и одземени  пиштол „Pietro Beretta” калибар 7,69 мм, една рамка за пиштол со осум куршуми калибар 7.69 мм, пиштол непозната марка со дрвена рачка, една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7,65 мм и една кутија со 17 куршуми калибар 7,65 мм. По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава