Директорот на Оперативно-техничката агенција ОТА, Зоран Ангеловски пред собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите го презентира Годишниот извештај за работата на ОТА за 2020 година и Годишниот Финансиски план за 2021 година за средствата од надоместоците од Агенција за електронски комуникации.

Во извештајот на ОТА доставен до Собранието се наведува дека во текот на 2020 година за потребите на овластени органи во државата, ОТА технички посредувала во 475 нови активирања на мерката за следење на комуникациите и 378 продолжувања на мерката за следење на комуниукациите.

Од вкупниот број нови активирања на мерката за следење на комуникациите, 321 биле за потребите на МВР, а 68 за потребите на Јавното обвинителство. Од наведените 378 продолжувања на мерките за следње на комуникациите со техничко посредство на ОТА во 2020 година, 104 биле за потребите на МВР, додека 36 за потребите на Јавното обвинителство.

Во ОТА во текот на 2020 година биле спроведени и четири дисциплински постапки.

Во извештајот се наведува дека во текот на 2020 година ОТА спроведувала и планиран и вонреден увид во работата на операторите поврзана со исполнување на техничките услови и применетите мерки и стандарди предвидени со закон.