Пред околу еден час се случил вооружен инцидент во селото Љубош, при што двајца мажи биле повредени со пиштол. Повредените биле пренесени во Градската болница „Св.Наум Охридски“.

Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, појаснуваат од МВР за „Фокус“