Државниот секретар на Државната комисија за спречување на корупција, Розета Трајан, изутринава пред почетокот на денешната седница поднела неотповиклива оставка, неофицијално дознава Пресинг тв.
Оставката на Трајан, според сознанијата, уследила откако претседателката Билјана Ивановска и се заканила со разрешување со образложение дека лично она немала доверба во неа. Разрешувањето на генералниот секретар до сега никогаш не било тема за разговор меѓу антикорупционерите.
Трајан беше генерален секретар на ДКСК и во претходниот нејзин состав, а одново доби доверба за извршување на задачите и за новиот состав по предлог на актуелната претседателка Ивановска.
Ваквиот развој на настаните, според добро упатени извори, наведува на заклучок дека станува збор за пресметка со стручноста и способноста во институцијата. Зашто, Трајан е единствениот доктор по правни науки во средината и досега не се случило за нефункционирање на одреден државен орган да се бара разрешување на генералниот или државниот секретар.
А, за стручноста на генералниот секретар на ДКСК, кој одговара за стручната служба, досега немала забелешки ниту една меѓународна или домашна институција, ниту пак стручната јавност во државата. Сите оценки за нејзината работа биле дека е одличен и стручен. Непобитен факт дека е така потврдува и самиот избор на двајца актуелни членови на Комисијата токму од редовите на стручната служба, што ја раководеше Трајан. Сега одеднаш истиот тој генерален секретар не чини и добива закани за разрешување, чиј одговор е неговото повлекување.
Префрлањето вина на генералниот секретар за искажаните слабости во работата на ДКСК е гола перверзија. Зашто, генсекот ниту гласа, ниту пак ги подготвува или носи одлуките на Комисијата. Зад нив стојат исклучиво нејзините членови.
Comments are closed for this post.