Во одговор на новинарско прашање во врска со емитувањето на бугарски филмови на нашата територија, во кои ликот на македонскиот револуционер Гоце Делчев се прикажува како Бугар, премиерот Димитар Ковачевски рече дека е отворен преговарачки процес со бугарската страна и дека се формирани работни групи кои работат во повеќе области како економијата, инфраструктурата и сл.
-Отворивме преговарачки процес со Република Бугарија, формирани се работни групи кои работат на полето на економијата, инфраструктурата, транспортот, денеска се реализираше првиот лет. Што се однесува до комисијата на историчари, добро е да им се остави на историчарите да зборуваат за историјата, а политичарите за политиката, рече Ковачевски.
Comments are closed for this post.