-Вистината излегува. Бираме градоначалник во Македонија, а не во Бугарија. Имало Скопје кмет во 1941 година, но нов не ни треба. Тврдам дека е бугарска државјанка. Испаѓа дека таа е државјанка на трета држава и доаѓа во Скопје. Македонија е пријателска земја, но ова е премногу. Очекувам веднаш да се повлече и да не го лаже народот.
Историски факт е дека Скопје, по окупацијата од страна на наци-фашистичка Бугарија, немало кмет. Ниту, пак, бугарските власти некогаш организирале слободни избори за избор на кметови на македонските градови.
Оваа изјава на Заев е во чиста спротивност од изнесеното во контроверзното интервју за агенцијата БГНЕС на почетокот на декември минатата година. За нецела година премиерот заборави дека тогаш, парафразирано, отворено ја негираше бугарската окупација и тврдеше дека во Македонија имало бугарска администрација. Со други зборови, тоа би требало да значи дека Скопје имало администратор, што повторно историски не одговара на фактите. Зашто, територијата на Македонија била поделена на две адиминистративни зони, а Скопје припаѓало на една од нив.
Историските факти говорат дека на 13 април 1941 година во Скопје, Стефан Стефанов и Васил Хаџи Кимов го формирале Централниот бугарски акционен комитет, кој истовремено ја имал улогата на бугарски акционен комитет за град Скопје. Неговата основна цел била и останала се до неговото расформирање, окупацијата да ја прикаже како ослободителен чин и во таа смисла да го подготви македонскиот народ да ги пречека бугарските војски како ослободители. Ова до ден денес останува едно од најцрните петна на македонската историја.
И овој ист Зоран Заев, кој од петни жили ја напаѓа Данела Арсовска, ај што не знае елементарни работи од македонската историја, сега говори за кмет и за градоначалник на Скопје!
Да биде иронијата на судбината уште поголема, една од точките 5+1, што треба да ги потпише со Бугарија за излез од ќорсокакот во кој се најдоа Скопје и Софија, како услов за официјален почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, е рехабилитацијата на жртвите на комунизмот со бугарска свест. А, како тоа ќе го прави кога не знае ама баш ништо?!
Comments are closed for this post.