По седум часа преговори во Собранието, власта и опозицијата не најдоа заедничко решение за Законот за Јавно обвинителство. Новинарските екипи кои цела вечер во Собранието ја следеа лидерската средба, си заминаа.
Копјата според инормациите на Пресинг Тв се кршеле околу тоа кој да го води обвинителството. Власта инсистирајла на чело на новото обвинителство за органзиран криминал и висока корупција да застане досегашната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Рускоска.
Опозицијата предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тврдела дека изборот на Заев, Рускоска да биде на чело на обвиниетлството значи само едно – директно влијание во обвинителството за спас од одговорност за криминалот на власт. Според опозицијата доколу Рускоска остане на чело на новото обвинителство, тоа би значело амнестија за „Рекет“ и за низа други скандали поврзани со власта.
Власта преку соопштение утрово информираше дека понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддржан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала таму да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, што за власта претставува барање можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.
Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Зоран Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот “Рекет”, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска, рече пратеникот Антонијо Милошоски.
Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во “Рекет” е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, напиша на фејсбук Милошоски, кој беше еден од претставниците на ДПМНЕ на вчерашната средба со претставници на власта.
Comments are closed for this post.