Четириесет годишна прилепчанка, пешак, се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрило возило марка „Рено Кангу“, управувано од 33-годишниот Д.П. од село Долно Оризари.

Сообраќајната несреќа се случила на улицата „Јоска Јорданоски“ во Прилеп, а по несреќата повредената, со истото возило била префрлена во Општата болница во Прилеп, каде што и била укажана лекарска помош и и биле констатирани повредите.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп, по што се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.