Автомобил во сопственост на МВР, марка „Шкода Октавија“ удрило во пешак на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје.

По ударот, 18-годишниот пешак, М.М. од Скопје, бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“-Скопје.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, по што од полицијата известуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.