18-годишна девојка, пешак, била удрена од „Голф“ на улица „Ѓорче Петров“. По ударот, скопјанката Х.Ш. со возило на Брзата помош е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Автомобилот со велешки регистерски таблички го управувал 51-годишниот Ј.Ј. од село Горно Јаболчиште, велешко.

Како што соопштија од МВР, извршен е увид на местото на несреќата.