Владата на Република Македонија на 115-та редовна седница донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси да се донесе по скратена постапка и со европско знаменце.
Целта е законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата – соопштија од владината прес-служба.
Comments are closed for this post.