Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес конференција ја повтори можноста да се организираат предвремени парламентарни избори доколку не успеат да обезбедат двотретинско мнозинство во Собранието.

Но, она што е забележиливо е што таа рече дека доколку Собранието се самораспушти роковите, законите и уставот се јасни и дека мора да се организираат избори за најдоцна 60 денови.

Доколку се оди на редовни избори пржинската влада фунционира 100 денови. Но ниту еден закон не може да биде посилен од Уставот. Уставот предвидува можност Собранието да се распушти.Во тој случај изборите мора да се случат за најмногу 60 денови.60 денови се помалку од 100. Меѓутоа ниту еден закон не може да биде појак од уставната одредба. Ќе ги почитуваме законите, да не бевме такви можевме и минатиот пат да не договориме за Законот за влада. Сакаме да ги почитуваме договорите, сакаме да ги почитуваме законите и од тие причини рековме ќе одиме на рокови кои согласно уставот се рокови за предвремени избори.Во рамките на тие рокови пржинската обврска останва-вели вицеремиерката.

Но, договорот од Пржино од 2015 година вели сосема нешто друго.Според тој договор Техничка влада во која ќе влезат и министри од опозицијата ќе се формира пред сите избори и никаде не стои дали тоа се предвремени или редовни.

Впрочем и изборите кои двапати се одложува беа предвремени па тогашната опозиција сто денови беше во власта.