Пратениците од ДУИ, Реџаил Исмаили и Ејуп Алими се појавија како сведоци на денешното рочиште за настаните од „27 април“.

Тие потврдија дека на координација во 17 часот и 10 минути меѓу координаторите на пратеничките групи било одлучено седницата да продолжи следниот ден во петок.

Токму затоа, тогашниот претседавач во 18 часот ја прекина седницата и ја закажа за следниот ден во 11 часот на 28 април.

Пратениците исто така потврдија дека имало потписи од 30 пратеници седницата да продолжи следниот ден.