Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во својот говор пред Споменикот на ослободителите на Скопје им се заблагодари на борците што го ослободија градот и рече дека за време на фашистичкиот терор животот го загубиле 4.654 сограѓани, од кои 956 во борбите.

За време на окупацијата животите ги загубија речиси сите Евреи од градот. Тој рече дека нема да се дозволи друг да ја крои нашата историја и рече дека треба да се биде горд што сме биле на страната на антифашистичката коалиција.