Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара прво прифаќање на целосниот нивни предлог, па гласање за задолжувањето кај ЕБОР

29.09.2022 / 11:05


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес достави барање до Собранието за одржување на итна седница на која ќе се разгледува Предлог законот кој го поднесовме, а се однесува на Законот за енергетика. По вчерашната прес конференција на Ковачевски видовме дека Владата едноставно препишала делови од предлог мерките кој што ние како ВМРО-ДПМНЕ го понудивме, но сметаме дека она што Ковачевски го презентираше не е доволно, истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Имено, во мерките кои што Ковачевски ги презентираше, вели Мицевски, слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи, но случајно или не ги изостави водостопанските и комуналните претпријатија кои што поради високите цени на електрична енергија имаат проблеми со ликвидноста што во следниот период може да доведе до повисоки сметки за домаќинствата и стопанството.

-Како одговорна партија бараме целосно, а не парцијална прифаќање на нашиот предлог. Со Предлог законот за енергетика кој што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во самиот текст опфатени се и водоводните и комунални претпријатија кои што имаат огромни трошоци за електрична енергија. Ако СДСМ и Ковачевски навистина се грижат, еве нека го поддржат нашиот Закон за енергетика. Со тоа ќе покажат дека се грижат за граѓаните и за стопанството. Во нашиот предлог закон покрај училиштата и здравствените уставови опфатени се и водостопанските и комуналните претпријатија. Со тоа директно ќе им олесниме на граѓаните и стопанството да не доаѓа до поскапување на услугите поврзани водоснабдувањето. Ајде прво да ги изгласаме овие измени на законот, па потоа да ги изгласаме и задолжувањето кај ЕБОР и сите оние конфузни предлог мерки кои што ги слушнавме во текот на вчерашниот ден, вели координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Аца Лукас пеел пред 500 гости во клуб регистриран за 500 и без дозвола

пред 11 часа
Македонија

Д-р Кедев: Со искачувањето на 14-те врвови над 8.000 метри го затворив тој животен круг, но во животот никогаш не вели никогаш

пред 16 часа
Македонија

Мицкоски со порака од Тирана: Европа ја градиме дома, време е ЕУ да ги исполни своите ветувања

пред 2 дена
Македонија

Поведена е постапка: Дали Уставниот суд ќе го укине линерарното зголемување на пензиите?

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски за случајот „Кочани“: Исклучувам секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот

пред 3 дена
Македонија

Д-р Кедев: Во животот може да растеме ако излеземе од зоната на комфорот и ако прифаќаме ризици

пред 3 дена
Македонија

СДСМ-партијата од јахтата

пред 3 дена
Македонија

TВ Колумна „5 минути со Чавез“: Корупцијата го уби Кочани, правдата за жртвите може да го крене

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски бара смена на јавниот обвинител Коцевски

пред 4 дена
извештај на Европската комисија за ефикасност на правдата

Во Македонија има многу обвинители а малку правда

пред 5 дена