Австриските медиуми го објавија идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избодел својата сопруга на паркинг пред супермаркиет во градот Тулин. Се работи за 36-годишниот Џемаил М. од скопско Ласкарци.
Џемаил според информациите на интернет-порталот „ОЕ24“ бил поддржувач на Исламската држава.
Крвавата сцена се случила на паркингот пред една продавница за храна, најверојатно околу 14.30 часот. Според засега непотврдени информации сопружниците имале расправија на паркингот. Потоа сопругот со нож ја прободел сопругата во пределот на вратот, по што таа починала на самото место. Најверојатно мажот ја убил сопругата со кујнски нож кој бил пронајден на местото на злосторството.
Целиот настан се одвивал пред нивните две малолетни деца – едното 6, а другото 10 години, кои полицијата веднаш ги тргнала подалеку од местото.
На убиството претходеле расправии, закани и малтретирања, при што полицијата морала да интервенира во повеќе наврати.
Тој синоќа ја сменил профилната фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, а 13 часа подоцна бил на местото на злосторството, чекајќи ја својата 32-годишна сопруга. Триесет и шестгодишниот маж, наводно, имал и проблеми со коцкањето.
Comments are closed for this post.