Полека се локализира пожарот што гореше кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со стихијата беше распространета во густа борова шума веднаш над манастирот, а покрај екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Прилеп, на терен излегоа стотина вработени во јавните претпријатија, како и поголем број на доброволци.
Поради опасноста од пожарот, од манастирот биле евакуирани околу 500 ученици од основното училиште „Климент Охридски“ од Прилеп кои таму биле на еднодневна екскурзија.
Имавме план како да ги евакуираме учениците, успеавме во колона пешки со колегите да ги извлечииме децата. Огнот до манастирот се прошири за само 10-тина минути – изјави директорот на училиштето, Зоран Сребреноски.
Comments are closed for this post.