Синоќа, околу 18 часот на улицата „Рузвелтова“ во Скопје се случила голема тепачка меѓу две групи, објави „Нет прес“.

Неофицијално, расправијата ја започнале во кафуле кое се наоѓа во близина, а тепачката ја продолжиле на улицата. Еден од нив, неофицијално употребил и нож.

По тепачката три лица се повредени, а други тројца приведени во Полиција.