Две лица вчера бие каснати од кучиња скитници во Скопје. 30-годишна жена била касната во населба Пролет, додека 81-годишниот маж бил каснат на плоштадот Македонија.

На 22.03.2019 година во 23.20 часот во Полициската станица Центар З.Г. (30) од Скопје пријавила дека околу 17,20 часот на улицата „Пролет“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

На 22.03.2019 година во 16,00 часот во Полициската станица Центар В.В.(81) од Скопје, пријавил дека околу 13 часот на Плоштад Македонија, возејќи се на велосипед бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.