Лидерот Мицкоски е свесен дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на следните избори, но сепак е многу внимателен.

Не би сакал да ги поткреваме очекувањата па да се создаде една летаргија и апатија „од мојот ли глас зависи, секако ВМРО-ДПМНЕ победува“. Ние треба да имаме кампања во која што  ќе ги повикаме граѓаните на мобилизација и масовност затоа што следните избори се референдумско изјаснување.Од една страна е  ВМРО-ДПМНЕ  а од друга страна ги имаме Ковачевски, Ахмети,Зечевиќ, Груби, Османи Маричиќ.Тоа е понудата од едната страна и од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ.Може да се профилира и трета опција која што која денеска е опозиција на опозицијата која се обидува преку одреден вид измеќарења кон владата да направи штета на ВМРО-ДПМНЕ.Но, мислам ги потценуваат граѓаните и нема да успеат.Нашата порака  треба да биде благодариме на довербата, ја прифаќаме довербата на фаворити но ве молиме немојте немојте да влеземе во состојба на летаргија.Ни треба масовност и мобилизација и 61 пратеник за трансформација на Македонија бидејќи ова нема да биде влада која што менаџира процеси туку треба да ја трансформира Македонија-објасни Мицкоски во интервјуто за „Република“.