Потпретседателката на Сојузот на Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ примила 233 илјади евра со авторски договор, пренесува Телма.

Како што тврди „Телма“, идејата за изградба на модерен европски центар за возрасни лица трет во низата предвидени проекти во скопката населба Карпош, ја поддржала струшката фирма ДРИМ БИЛДИНГ ДООЕЛ.

Фото: Слободен печат

За разлика од другите бизнисмени стружаните го обврзале претседателот на сојзуот Боки 13 и му дале рок од 120 – до 180 денови да ги обезбеди сите документи за отпочнување на проектот.

Сојузот требал да обезбеди локација, проект и одобрение за градба. Рокот од три месеци изминал, а партнерите на Боки 13 му побарале 350 илајди евра назад со пресметани казнени пенали.