Американскиот државен секретар Мајк Помпео кој следната недела ќе дојде во Македонија ќе ја посети црквата Св. Богородица Перивлепта. Не е познато зошто се одлучил токму за овој храм но јасно е дека оваа црква е една од најзначајните во нашиот бисер.

Се наоѓа близу Горна порта се наоѓа црквата „Света Богородица Перивлепта“ која кај народот е позната и како црква Свети Климент. Секој кој што имал можност да влезе во црквата а кој што поминал поголем дел од македонските храмови ќе заклучи дека оваа црква е една од најстарите но воедно и според фрескоживописот една од најубавите цркви во Македонија. Според самото име црквата е посветена на Света Богородица.

Според натписот кој што стои на влезната врата од внатрешниот дел на припратата се знае дека црквата била изградена под името Света Богородица Перивлепта (Преславна) во 1295 година од страна на византискиот војсководач Прогон Згур, роднина на Андроник II Палеолог.

Во времето кога Турците Климентовата црква Свети Пантелејмон ја претвориле во џамија, моштите на светителот Климент Охридски се преместени најпрвен во црквата Мал Свети Климент а потоа во Света Богородица Перивлепта по што народот ја нарекол по името на светителот Свети Климент.