Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов ќе се кандидира за претседател на државата на партискиот оглас на СДСМ. Тој е прв што најави кандидатура на огласот на СДСМ што е отворен до 19 февруари.
Тој денеска на прес-конференцијата на која најави дека влегува во трката за претседателски кандидат, рече дека ќе делува според принципот едно општество за сите. Убеден е дека ги исполнува условите за консензуален претседател.
Филипов роден е во кавадарци Кавадарци. Доктор е по технички науки, а дипломирал на Машинскиот факултет. Беше амбасадор во Германија од 2005 до 2010 и во Австрија од 2010 до 2014 година.
Претседателскиот кандидат СДСМ ќе го избира на Конгресот на 3 март.
Comments are closed for this post.