„На лагата да ѝ ја спротивставиме вистината!“, порача министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски од конференцијата на тема: „Лажни вести за Договорот од Преспа“, што се одржува во Атина.
Како Влада повикавме на конструктивна атмосфера и отворена дебата со граѓаните, без страв, заплашување и притисоци да градат сопствени ставови за секое отворено прашање. Од почетокот на процесот, ден денеска и понатаму, остануваме на ставот дека гласност и транспарентност на процесот треба да има, и ние сме горди што учествувавме во создавањето на тој амбиент. Гласноста им овозможува на професионалните и независни медиуми да го изразат ставот на граѓаните и интересот на јавноста во една демократска држава. Овозможивме дебата. Актуелната Влада на Република Северна Македонија и нејзините политики, демонстрираа дека постои силна политичка волја и стручна подготвеност да ги спроведеме медиумските реформи и да подобриме условите за работење на медиумите, во соработка со медиумските професионалци. Како централна извршна институција се заложивме дека во својата работа, а особено во сферата на комуникациите, ќе бидеме отворена влада. Отворена влада, која константно во јавноста пласира точни информации.“, истакна министерот Поповски.
Тој изрази уверување дека токму вистината ќе го продлабочи искреното пријателство и ќе ја интензивира соработката и заедмната поддршка на граѓаните на Грција и Северна Македонија.
Грчкиот министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми Никос Папас зборуваше за досегашната соработка помеѓу владите на Република Грција и Република Северна Македонија.
Промовираме повеќе проекти, не само билатерални туку и регионални. Никој повеќе нема изговор да се спротистави на соработката и партнерството помеѓу овие две држави. Единствени кои се уште се против се оние кои инвестираа премногу во поделба, и сега тие би рекол се неврботени. Но, патот кон соработка и пријателство се отворени. Ова е успех на две влади, Владата предводена од Ципрас, и Владата предводена од Заев, кои несебично својот политичкиот успех го ставија настрана, со цел надминување на проблемите. Можеби треба да размислиме да доделиме Нобелова награда за лажни вести. Има многу кандидати и тешко ќе биде да го избереме победникот. Наша цел е да направиме мост за соработка со неутрални и точни информации. Тоа ќе го постигнеме сите заедно. Мораме да ја вратиме довербата, особено по големиот успех што го постигнавме. Наша заедничка алатка е вистината“, рече Папас.
Comments are closed for this post.