Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 5, информираат од УХМР.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност, околу пладне и попладне ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во северните делови.

Утринската температура ќе се спушти ви интервалот 12 до18, а највисоката температура ќе достигне до 25 до 32 степена.