Попис за време на пандемија не е опција за европските држави, но е опција за владата предводена од премиерот Зоран Заев. Неповолната епидемиолошка состојба поради корона вирусот натера повеќе држави да ги откажат пописите закажани за оваа пролет, се додека не се создадат услови за тоа.
Последна во низата е Хрватска која вчера го одложи пописот за најмалку три месеци.
Официјалното образложение во Хрватска е дека пописот мора да биде квалитетен со повисок одѕив, бидејќи мора да се земе предвид здравјето како на граѓаните така и на попишувачите. Според хрватските власти во ситуација кога имате луѓе во болници, на апарати за дишење, во изолација, под знак прашалник е каков ќе биде квалитетот на податоците.
Што значи дека Хрватска им се приклучи на Германија, Ирска, Шкотска, Романија, Бугарија и Србија кои исто така решија дека не е време кога треба да се загрозат дополнителни животи и дека пописот може да почека на одреден период.
Но, така не смета премиерот Заев. Тој заради политички договор по секоја цена турка попис. Секако нему дека не му е важно дали пописот ќе биде квалитетен и каков одѕив ќе има, туку да се исполни коалицискиот договор што е можно побргу. токму затоа и побрза да донесе закон без методологија, односно изгласаа закон, а немаа утврдено како ќе се спроведе и каков прашалник ќе им се понуди на граѓаните. Нормално тоа не му е важно, бидејќи тоа што му треба и процентите на одреден етнички заедници однапред веќе се испланирани и договорени. Се на сметка на сопствената држава и животите на граѓаните.
Сите овие држави кои досега ги одложија пописите, не само што имаат подобри здравствени системи од Македонија, туку веќе вакцинираат и го имунизираат своето население. Македонија има катастрофален здравствен систем каде луѓе во пикот умираа затоа што немаше доволно кислород, а државата во еден момент беше и петта во светот по смртност на милион жители, но најважно од се нема вакцини против КОВИД-19.
И да дојдат вакцини до април, нема да се повеќе од 20.000 според сите досегашни најави. Дотогаш другите земји кои ги одложија пописите, па и една Србија ќе имаат милиони вакцинирани. Сепак и во таква ситуација тие сметаат дека не е време за попис и загрозување на животи. Но, Заев смета. Без вакцини за имунизација и во ситуација кога бројките на заразени на дневна основа се уште се високи, факт е дека се ризикуваат илјадници животи на македонски граѓани.
Колку не и е на власта грижа за здравјето и животите на граѓаните говори и фактот што најмногу ги загрозува своите луѓе кои ќе треба да одат од врата на врата и ќе бидат најголемиот ризик и за себе и за државата. Но, Заев договорот мора да го исполни макар газејќи врз човечки животи.
Comments are closed for this post.