Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ќе ги разгледаат преговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија.
Според дипломатски извори цитирани од „Политико“, се очекува Бугарија да каже „не“ за почетокот на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, што е прв чекор назад по патот, пишува БНР новините.
Според документ доставен од Софија до земјите-членки, со кој располага изданието, Бугарија како причина ја истакнува спонзорираната од државата антибугарска идеологија.
Според БНТ 1 новините, пак, конечната одлука за почеток на преговорите за членството на Скопје и Тирана во Еу ќе биде донесена на 10 ноември.
Коментарот на „Политико“ околу ова прашање е: „Нема да навлегуваме во деталите на чувствителните за Бугарите прашања, кои се темелат на тоа кој бил подобар во борбата со Османлиската империја пред повеќе од еден век. Сиротите северни Македонци-тие се откажаа од името на државата за да ги смират Грците, а сега од нив се очекува својата историја да ја остават на бугарско одобрување. И сето тоа заради нејасната перспектива за евентуално членство во ЕУ“.
Comments are closed for this post.