Бугарија со години внимателно игра двојна игра, обидувајќи се да балансира меѓу Истокот и Западот и да не ја вознемирува Русија. Додека инвазијата на Русија врз Украина од 24 февруари побргу ја обедини Европа, во Бугарија уште повеќе ја заостри поделбата меѓу политичарите и општеството, пишува „Политико“ во својата анализа за врските и влијанието на Русија во Бугарија, како и за политичката ситуација во државата, пренесува софиски „24 часа“.
Само неколку дена по почетокот на судирите во Украина, бугарскиот премиер Кирил Петков требаше да го отстрани министерот за одбрана Стефан Јанев, бивш бригаден генерал, кој го искористи описот на воените дејства на Русија на претседателот Владимир Путин како „операција“, а не како „војна“ и предложи Бугарија да остане неутрална, иако е членка на НАТО.
Иако Петков дојде на власт во декември, ветувајќи дека ќе преземе по прозападен правец во развојот на државата, тој се уште треба да владее во коалиција со Социјалистичката партија-наследничка на бившите комунисти, поврзани со Москва, кои избегнуваат да го санкционираат Путин, посочува „Политико“.
Односите меѓу Русија и Бугарија-членка како на ЕУ, така и на НАТО-се длабоки. Државите споделуваат историски, религиозни и културни врски. За време на комунизмот, блиските врски на Бугарија со Москва доведе до тоа, таа да се нарекува и како „шеснаесета републикка“ на Советскиот сојуз.
Заради влијанието на Русија во Бугарија некои ја гледаат балканската држава како тројански коњ на Москва во ЕУ.
-Нивото на руското влијание во Бугарија е неспоредливо и државата ја прави доста зависна. Тие стари врски конфликтот ги извади во преден план, вели Руслан Стефанов, програмски директор во Софискиот центра за истражување на демократијата.
Партиите од целиот политички спектар се склони на прсти да вртат теми поврзани со Русија и не прават ништо, што може да го вознемири Кремљ, се посочува уште во анализата.
Претседателот Румен Радев, бивш командант на воените воздушни сили, кога станува збор за Русија, изгледа исто така му се придружи на приодот „држи ја главата наведната“. Тој не се поколеба рускиот напад против Украина да го нарече „војна“, но во целина, од нападот на 24 февруари, внимателно ги избира своите зборови за конфликтот и често прибегнува кон двосмислена реторика. Тој изрази загриженост во однос на одразувањето на санкциите против Русија врз бугарската економија, што често се повторува и од социјалистите.
Кирил Петков категорично го осуди нападот на Русија, но се уште се налага да отстапува за некои работи пред коалиционите партнери. Бугарија брзо го затвори своето небо за руските авиони, но се колеба да дозволи војски на НАТО на своја територија, како што направија други држави. Софија му предложи на Киев хуманитарна помош, но не и оружје, посочува „Политико“.
Сепак, многу Бугари се склони на Русија да гледаат благонаклонето. Всушност, според истражувањето на Pew Research од 2019 година, Бугарија е државата во која Москва добива највисоки, 73% одобрување.
Според „Политико“, Бугарија со години е плодна истражувачка почва за руската пропаганда и конспиративни теории.
Comments are closed for this post.