Голема полициска акција започна утринава кај 5 часот во скопското село Љуботен. Акцијата ја спроведува Финансиската полиција со асистенција на припадниците на МВР.

Според информацијата од терен, станува збор за акција за сузбивање на нелегално производство и шверц на тутун.

Жителите на селото тврдат дека акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат и дека тоа им е единствена егзистенција. Видно изреволтирани од полицискат акција, сами го изнеле тутунот на улиците. Порачуваат да имале друга работа немало да преработуваат тутун.