Голема полициска акција започна утринава кај 5 часот во скопското село Љуботен. Акцијата ја спроведува Финансиската полиција со асистенција на припадниците на МВР.
Според информацијата од терен, станува збор за акција за сузбивање на нелегално производство и шверц на тутун.
Жителите на селото тврдат дека акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат и дека тоа им е единствена егзистенција. Видно изреволтирани од полицискат акција, сами го изнеле тутунот на улиците. Порачуваат да имале друга работа немало да преработуваат тутун.
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.