Денеска во 11 часот започнува Маршот на гордоста „Скопје прајд 2019“. Кај нас за прв пат се одржува ваков настан и затоа побудува голем интерес. Тргнувањето ќе биде пред паркот Жена борец спроти Собранието и се очекува дефилето да заврши во Градскиот парк.

Се очекува зголемено присуство на полицијата поради можни инциденти. Маршот е можност ЛГБТИ заедницата, како една од најмаргинализираните заедници, да добие видливост во општеството и поддршка во надминувањето на проблемите со кои се соочува. Затоа во многу градови ширум светот, вклучително и на Балканот, се одржуваат паради на гордоста