Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантираат информациите од Владата дека тој бил уредно поканет да присуствува на свеченоста по повод кревањето на знамето на НАТО пред Владата.
Откако заврши настанот ја добивме поканата за присуство на претседателот Иванов, изјавија од неговиот кабинет.
Претходно од Владата потврдија дека на Иванов му била испратена покана за свеченоста и преку курирска служба и електронски, но не добиле објаснување зошто не присуствувал.
Comments are closed for this post.