Претставниците на синдикатот на Клинички центар добија цврсто ветување од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, дека ќе биде направено се за да има зголемување на платите на вработените во најголемата здравствена институција во државава.
Како што истакнаа од синдикатот по денешната средба во Владата, во моментов буџетот е затворен и за нив пари нема, но дека откако помине првиот квартал, односно кога ќе има можност да се направи ребаланс, ќе биде направено се за да се исчекори кон исполнување на барањата на лекарите.
Во меѓувреме, од синдикатот најавуваат дека ќе продолжат разговорите со ресорниот министер за во рамки на постоечкиот буџет да се направат одредени прераспределби со цел да се спречи раслојувањето на вработените на Клинички и со тоа да се намали револтот што постои во моментот.
Comments are closed for this post.