Помина половина година, а се уште Фондот за криминални иновации е непресушен извор на скандали.Фондот за криминални иновации на СДСМ пред половина година успеа да испумпа околу 10 милиони евра пари на граѓаните., реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве во медиумите повторно гледаме дека се уште излегуваат на површина матните зделки од Фондот за криминални иновации.Имено, Фондот за криминални иновации одобрил грант на фирмата БИЛД ДООЕЛ каде што сопственик е Александар Гаврилоски, за проект „Примена и реализација на иновативен концепт за изградба на заштитни конструкции за земјоделски насади во секторот земјоделство” грант во вредност од околу 200.000 евра.

Е сега, сопругата на истиот Александар Гаврилоски уште во периодот околу доделувањето на грантот била ангажирана како надворешен соработник и уште тогаш беше алармирано и од медиумите и од наша страна за сомнително доделување на грантот.

Она што е уште поскандалозно сега е тоа што сопругата на истиот Александар Гавриловски, која што беше надворешен соработник, Неда Икономова- Гаврилоска од пред 10тина дена е редовно вработена во Фондот за криминални иновации.

Оттука се поставува прашањето: Дали имало и кој бил договорот за вработување на сопругата на Александар Гаврилоски?

Дали можеби имало договор помеѓу семејството Гаврилоски и раководните лица на Фондот за иновации за сомнителна соработка која на крајот резултира со вработување на Неда Икономова – Гаврилоска во Фондот за иновации?

Ова се прашања кои мора да ги дознае јавноста, бидејќи над 200.000 граѓани се невработени и чекаат да најдат работа и се на работ на егзистенцијата, не знаат дали ќе имаат основни намирници за да ги поминат новогодишните и божиќните празници, но затоа сопругата на сопственикот на фирма која што добила грант од 200.000 евра народни пари, се вработува во Фондот за иновации.

Ова е само уште еден показател дека Владата на СДСМ не ја интересираат граѓаните, неа ја интересираат единствено личните интереси. Ова е само уште еден показател дека воопшто не им е гајле за граѓаните.

За ова мора да има оставки од морални и секакви други причини. Одамна се поминати сите граници и за сите овие криминални иновации еден ќе се одговара. Да не заборавиме дека еден ден ќе има независно судство и сите ќе бидат изведени пред лицето на правдата-вели Димче Арсовски.