Пофалби од ЕК во објавениот Извештај за како што се посочува „историскиот договор постигнат со Грција во јуни 2018 година“, консултативниот референдум во септември 2018 година, при што како што се наведува „огромно мнозинство од гласачите кои гласаа ги поддржаа членството во ЕУ и НАТО прифаќајќи го Преспанскиот договор“ , Договорот со Бугарија, добро организираните претседателски избори и зголемената доверба помеѓу различните етнички заедници.
За Собранието се вели дека ги подобрува своите резултати како форум на конструктивен политички дијалог. Извештајот бележи добар напредок во реформата на разузнавачките служби преку законските измени за следење на комуникации и формирањето на Оперативната техничка агенција која веќе е активна.
Подготвеноста за реформа на јавната администрација, како и за реформи во судскиот систем ЕК ја оценува како умерена.
Се посочуваат преземените чекори за решавање на наводните партиски назначувања, но сепак се нагласува дека и натаму се потребни напори за да се зголеми одговорноста на администрацијата и да се спречи нејзината политизација, бидејќи како што се нагласува дека суштината е почитување на принципите на транспарентност, заслуги и правична застапеност.
За СЈО се истакнува дека ја потврдило својата водечка улога во истражувањето и гонењето на случаите на висока корупција. Укажувањата се дека властите треба дополнително да ги интензивираат напорите за да покажат дека борбата против корупцијата на сите нивоа на власт е национален приоритет. И покрај се ЕК констатира дека корупцијата е распространета во многу области и останува проблем што загрижува.
„Властите треба дополнително да ги засилат напорите и да покажат дека борбата против корупцијата е национален приоритет на сите нивоа на овластувања. Меѓутоа, корупцијата е распространета во многу области и останува прашање за загриженост“, стои во Извештајот.
Слободата на медиумите и слободата на изразување продолжува да се подобрува, стои во извештајот на Комисијата. Но укажуваат:
„Важно е политичките функционери и политичките елити да демонстрираат повисока ниво на толеранција кон критики и со тоа поддржувајќи ја слободата на изразување“.
Во однос на економскит екритериуми ЕК смета дека земјава постигнала одреден напредок и е умерено подготвена да се справи со конкуренцијата и пазарните услови во ЕУ. Но притоа се укажува на недостигот на вештини што се одразува преку неусогласенот на она што се нуди и она што го бараат компаниите, што пак е одраз на недостатоците во наставните програми. Сето ова ја нарушува продуктивноста на трудот и конкурентноста на економијата. Исто така се предупердува и на тоа дека се уште има потреба од инвестирање во јавната инфраструктура.
Comments are closed for this post.