Мобилни тимови од Министереството за здравство од денеска започнаа со теренска вакцинација низ државата со две дози на МРП вакцина. Дваесет илјади основци и средношколци сé уште се немаат вакцинирано или само 45 проценти од младите кои се подложни на вакцинација досега ја имаат примено.
Тоа е премалку, рече министерот за здравство кој додаде дека имунизацијата е задолжителна, посебно што секој ден се појавуваат нови случаи на заразени од морбили. Оттука сите кои не се вакцинирани ќе мора да го направат тоа, во спортивно нема да можат да се запишат ниту да одат во училиште.
Иако основното и средното образование се задолжителни оваа одлука вели министерот Венко Филипче е во согласност со законот за здравствена заштита. Дали треба да се прават некои законски измени допрва ќе се утврдува, со оглед на тоа дека за кратко следуваат уписите во основните и средни училишта.
Родителите може да бидат присутни на вакцинирањето. Ниедно дете без согласност од родител нема да биде вакцинирано додаде Филипче, кој уште еднаш потсети дека сите што не се вакцинирани се во исклучителен ризик да заболат од морбили.
Националниот координатор за имунизација, Александра Грозданова истакна дека во Агенцијата за лекови за МРП вакцината биле пријавени два случаи на несакани реакции и тоа со зголемување на телесната температура и одредени мали болки кои биле очекувани, а за 2018 година вкупно биле пријавени само три случаи.
„Станува збор за исклучително безбедна вакцина која не јавува никаков проблем кај децата, тоа треба да го знаат родителите и да бидат сигурни и во квалитетот и во безбедноста на вакцината“, додаде проф. Грозданова.
Во овој момент во државава вкупниот број заболени од морбили изнесува 1.060. Оттако беше воведена вонредна состојба до денеска во државава се регистирани нови 121 заболен од мали сипаници се наведува во извештајот од Институтот за јавно здравје.
Comments are closed for this post.