Македонскиот тетарски режисер Златко Славенски (53) денеска ненадејно почина во Скопје.
Како што дознаваме, му се слошило на час, додека предавал на студентите на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што беше вработен како вонреден професор и шеф на катедрата по театарска режија.
Тој беше режисер на низа тетарски претстави: „Кавкаски круг со креда“ на текст на Бертолд Брехт, „Сината птица“ , „ Безљубни“, „Супенова“, Амадеус“, „Лифото од горе“.
Славенски ги режираше и „Абел – Собрани дела на Вилијам Шекспир“, „Будење на пролетта“, „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“, „Сонот предизвикан од летот на пчелата околу една калинка, секунда пред будење“, „Констанца – Амадеус“, „Марика, Јадранка – Сон…“, „Цвета – Време за сонување“.
Беше во брак со актерката Искра Ветерова со која имаа две деца.
Comments are closed for this post.